Билтен на СВР Охрид за 07 јуни: Нарушен јавниот ред и мир во Охрид, пронајдена дрога во Струга

- Локални, Хроника
1734

На 07.06.2023 во 21.50 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во стан на улица „Славеј планина” во Охрид, М.М. физички го нападнала М.К.(42), двајцата од Скопје, а потоа оштетила дел од покуќнината. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.06.2023 во 18.40 часот, на улица „Андон Дуков” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.Х. од охридското село Лескоец врз Б.Г.Н.(42) од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.06.2023 во 21.40 часот на улица „Владо Малески” во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода К.Л.(52) од Струга. При преглед во патничко возило, во кое бил К.Л., била пронајдена и одземена  бела прашкаста материја. Тој беше задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него  ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.06.2023 во 21.20 часот во ОВР Струга пријавено е дека во угостителски објект на кеј „Борис Кидрич” во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од И.М. врз Д.М.(40), двајцата од Струга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари