Билтен за Охрид: Во хотел пронајдена почината жена од Белорусија, семејно насилство
На 05.08.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била пронајдена почината И.Т.(53) од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 04.08.2026 во 15:40 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода П.Т.(68), поастапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал во семејниот дом и упатувал закани кон член на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

