Лев банер Десен банер

Кривична пријава за лице од Мислодежда за незаконска сеча при што загина работник при сечење шума

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми” и „непреземање мерки за заштита при работа”.

На 20.04.2026, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот во месноста Лениште во атар на селото Мислодежда, тој без работен договор ангажирал работници и неовластено исекол 107 стебла буково дрво и 3 стебла габер или вкупно 31.9 кубни метри огревна дрвната маса.

За време на сечата, работникот Р.Д.(46) од Скопје бил удрен од дрво. по што починал во Општата болница во Струга.

На местото на несреќата, увид извршија ОЈО Струга во содејство со полициски екипи, Државен трудов инспекторат, Државен инспекторат за шумарство и Шумска полиција.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: