Вишиот обвинител во Белград денеска треба да ја соопшти пресудата за родителите на момчето кое во мај 2023 година во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград со пиштолот на татко му уби девет соученици и еден обезбедувач, а рани уште пет ученици и еден учител.
Обвинителот Ненад Стефановиќ во завршниот говор на судењето пред Вишиот суд во Белград за таткото на сторителот Владимир Кецмановиќ предложи 12 години затвор за тешко дело против општата безбедност и три години затвор за кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетни, а побара и единствена казна од вкупно 14 години и 11 месеци затвор.
За мајката Миљана Кецмановиќ предложи две и пол години затвор и парична казна од околу 4.100 евра за кривично дело недозволено поседување оружје и три години затвор за запуштање и злоупотреба на малолетно лице, со единствена казна од пет години и пет месеци затвор.
Обвинителот предложи максимална казна од три години затвор за инструкторот по стрелање Немања Маринковиќ, од стрелиштето каде таткото го донел синот на вежбање, за давање лажен исказ во текот на истрагата.
За таткото на момчето, кој беше уапсен по злосторство во училиште, беше побарано да му се продолжи притворот и трајно да му биде одземено огненото оружје.
StrugaOnline
Facebook Коментари