Лев банер Десен банер

Две кривични пријави во Охрид: Напад на улица и бесправно изградена викенд куќа

На 25.02.2026 година во 19:56 часот, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, И.Н. (63) со дрвен предмет го нападнал С.Ѓ. (48), а потоа физички го нападнал и К.Р. (54), сите од Охрид.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Во друг случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т. (47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Според информациите, на катастарска парцела во охридското село Коњско, пријавениот без одобрение за градење издадено од надлежниот Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид, изградил викенд куќа.

По извршен инспекциски надзор, надлежните донеле решение за отстранување на бесправно изградената градба, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: