Кривична пријава за скопјанец поради злоупотреба на банкарска картичка во Струга
ОВР Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според информациите од полицијата, пријавениот во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село. Наместо да го пријави или врати, тој ги присвоил парите, а потоа со пронајдената банкарска платежна картичка на повеќе продажни места неовластено извршил плаќања за свои потреби.
По преземените мерки и целосното документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

