Лев банер Десен банер

Физички нападнат 34-годишник по расправија во сообраќајот кај Лабуништа

На 11.08.2026 во 19:30 часот во Полициското одделение Велешта, од Здравствен дом  Вевчани е пријавено дека околу 19:20 часот кај нив со повреди бил донесен А.Ќ. (34) с.Лабуништа, струшко. Според пријавеното, околу 19:00 часот на патниот правец с.Бороец – с.Лабуништа, по претходна расправија во сообраќајот, А.Ќ. бил физички нападнат од Е.Ф.(28) од истото село. По преземени мерки, полициски службеници извршиле службен разговор со Е.Ф. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: