Струга: Лишен од слобода возач кој управувал возило со забрана за управување
На 11.08.2026 во 20:30 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници сопреле патничко возило „форд“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Х.(60) од с.Радолишта, струшко. При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека М.Х. го управувал возилото со забрана на управување со моторно возило. Тој е лишен од слобода, за настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

