Кривична пријава за 30-годишно лице од Центар Жупа поради нанесена телесна повреда

- Хроника
647

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Н.(30) од општина Центар Жупа, со живеалиште во Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 28 јуни оваа година во 14 часот и 30 минути во семејниот дом по расправија, што се случила со неговата сопруга. Во еден момент од жестоката караница, сега пријавениот Е.Н. физички ја нападнал сопругата со тупаници по целото тело по што и упатил сериозни закани по нејзиниот живот.  Од силината на ударите, оштетената се здобила со телесни повреди.

Извор: СВР Охрид

 

 

Facebook Коментари