Оштетен дигиталниот споменик на Прличев во Охрид

- Локални, Хроника
286

На 11.08.2022 година во 19.30 часот, во СВР Охрид пријавено е насилно отстранување и одземање на 27 букви од дигиталниот споменик и на македонското знаме, лоциран на улицата „Коста Абраш” во Охрид. Споменикот, сопственост на општина Охрид, потоа бил исклучен од електрично напојување.  По насока на јавен обвинител, на местото на настанот, увид извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

фото: Охридпрес

StrugaOnline

Facebook Коментари