Трактор излета од патот кај Горно Коњско, повредени две лица од Холандија

- Хроника
260

На 11.08.2022 година во СВР Охрид, пријавено е дека, на локален пат во охридското село Горно Кољско, излетало возило Т3 трактор, при што, повредени се две лица. Од извршениот увид, констатирано е дека возачот У.В.Ј.(25) од Холандија, изгубил контрола, удрил во дрво по што, возилото се превртело. Возачот и сопатникот В.Ј.М(22), од Холандија, со возило на Итната медицинска помош, се пренесени во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде им се констатирани тешки телесни повреди.

Извор: СВР Охрид

StrugaOnline

Facebook Коментари