Почина Велибор Џаровски-Џаро

- Хроника
107

По кратко боледување, на 75 годишна возраст, денеска почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди меѓу кои Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија и други.

Минатата година беше промовирана  книгата „Џаро-Живот на коцка“  во која се раскажани возбудливи делови од  неговиот живот, а авторка на книгата е  неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска.

Facebook Коментари