Полицијата приведе три лица од струшко поради полов напад врз малолетничка

- Хроника
1349

На 25-ти март 2023 година, во ОВР Струга, лишени се од слобода 57-годишниот Т.Л. од струшкото село Враништа, 69-годишниот Н.К. од селото Драслајца и 17 годишно лице од селото Мороишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.

По целосно документирање и расветлување на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари