Приведени две лица во Струга, кај нив пронајдена бела прашкаста материја
На 05.05.2026, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Д.О.(69) од Струга, а извршиле службен разговор Р.П.(40) од Струга. Околу 18:00 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници извршиле контрола во возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, во кое возач бил Д.О., а сопатник Р.П., при што пронашле и одзеле бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 06.05.2026 во 19:30 часот во с.Велешта, струшко, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Д.Ѓ.(47) од с.Велешта затоа што кај него и во неговото возило била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

