Приведено лице од струшко Калишта, во претходна сообраќајна незгода пијан удрил во паркирано возило
На 25.03.2026 во 17:15 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Л.Т.(60) од с.Калишта, струшко.
При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода со материјална штета на ул.„Маркс Енгелсова“ во Струга, во која патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од пријавениот, удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на А.Ќ од с.Велешта, струшко, полициските слуижбеници констатирале дека Л.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,06 промили алкохол во крвта, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

