Работник од Кочани се здобил со тешки телесни повреди на кров од фабрика во Охрид

- Хроника
344

На 11.10.2022 година во 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди бил однесен Б.И.(22) од Кочани. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на кров од фабрика во ОхридПо насоки на Јавен обвинител, увид на местото извршиле полициски екипи и општински инспектор за безбедност и здравје.  

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари