Сообраќајка на патот Подмоље-Ќафасан, две лица се повредени

- Хроника
506

На први април 2020 година, во 11:10 часот било пријавено дека на магистралниот пат село Подмоље-Ќафасан се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило марка „Фолксваген голф“, управувано од страна на 21-годишниот Е.Ц. од селото Шум и патничко возило „БМВ“, управувано од 32-годишниот Ф.Б. од селото Заграчани, и двете со струшки регистарски ознаки.

– Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „БМВ“, 49-годишната Ф.Б. од селото Калишта, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник од истото возило, 53-годишниот И.Б., од селото Заграчани, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари