На 25-ти јануари 2023 година, во 18:50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат село Подмолје-Струга се случила сообраќајна несреќа во која се повредени повеќе лица.
– Незгодата се случила помеѓу товарно возило марка „Сканиа“ со приколка, со албански национални ознаки, управувано од страна на 39-годишниот О.П. од Република Албанија и патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот П.Д. од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници од истото возило, Ц.Д.(43) и малолетник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
Извор: МВР
фото: aрхива
Facebook Коментари