Сообраќајка на регионалниот пат Охрид-Струга, повредени шест лица

- Локални, Хроника
501

На 13.05.2023 околу 22.30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга- село Радожда, во близина на мост на реката Сатеска, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките возила „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(34) од Струга и „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(37) од охридското село Љубаништа. Притоа, возачот Н.Ј. и неговата сопатничка А.Ј.(35) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот во истото возило Т.П.(33) од Вевчани, И.Б., која го управувала возилото „ауди“ и нејзините сопатнички С.Т.(29) и М.Н.(32), двете од Охрид, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.

По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.

Извор: СВР Охрид фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари