Сообраќајка на улицата „Партизанска“ во Струга, тешко повреден велосипедист

- Хроника
619

На 18-ти октомври 2022 година, во 13:20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Струга, патничко возило марка „Мазда“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот Е.Б. од Струга, удрило во велосипед, управуван од 81-годишниот С.М. од струшкото село Мислешево.

 – Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР.
Извор: МВР
Фото: архива

Facebook Коментари