Сообраќајна несреќа кај село Ботун, повредено е лице од струшко Враништа

- Хроника
1050

На 6-ти јуни 2019 година, во 17:10 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ботун, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило „Форд Ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот И.И. од селото Требош, товарно моторно возило „Ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од 63-годишниот Т.К. од Куманово и патничко возило „Пежо 208“ со скопки регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Б.К. од струшкото село Враништа. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.К. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари