Три возила се судрија на магистралниот пат Охрид-Кичево, едно лице почина, а пет лица се повредени

- Хроника
558

На 10.11.2022 во 16.35 часот, на магистрален пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа рио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(57) од Охрид, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.П.(22) од струшко Велешта и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(39) од Охрид. На местото на несреќата починал возачот Р.А., а со телесни повреди се здобиле возачот Ш.П., возачот Г.Р. и сопатниците Б.Р.(42), Н.Ј.(43) и И.Ј.(32), сите од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија  полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Извор: СВР Охрид

фото: aрхива

Facebook Коментари