За сите љубители на спортот, посебно на ракометот. По 45ти пат од 12 до 15 август во Струга ќе се одржи меѓунарониот турнир „Струга 2017 година“ на теренот „Женска плажа“. Со овој турнир секоја година се означува почетокот на новата ракометна сезона. Околу организацијата, подготовките како и екипите кои ќе земат учество разговаравме со Сашо Србиновски – спортски директор на ракоментиот турнир „Струга 2017“
Strugaonline: Струга е домаќин на овој меѓународен ракометен турнир по 45 пат, како успеавте да одржите толку долга традиција, и како течат подготовките оваа година
Сашо Србиноски: Традицијата мора да се негува, квалитетно да се издигнува со нови екипи и новитети секоја година. Почетоците на овој турнир датираат од седумдесеттите години и тоа во чест на прерано починатиот струшки ракометар Вангел Баљукоски – Баљук. После неколку години преминува во меѓународен турнир. Процвет овој турнир доживува во осумдесеттите години, во деведесеттите имаше и мал пад на квалитетот на екипите. За последниве години да се издигне до европски стандарди.
Strugaonline: Годинава учествуваат две македонски и четири странски екипи, вие од секогаш ставате акцент на квалитетот на екипите, по кој концепт ги бирате учесниците?
Сашо Србиноски: Имаме посебна визија и концепт, целта е да учествуваат двете најквалитетни македонски екипи, до пред две години тоа беа Вардар и Металург, четири квалитетни екипи од Европа. Преговорите со екипите започнуваат во декември и траат три до четири месеци. Екипите кои се број еден во Европа не можеме да ги донесеме бидејќи имаат многу скап ценовник. Но, сепак нашиот квалитет е на високо ниво. Ваков сличен турнир има во Босна и Херцеговина, тој турнир ни беше репер и не само што успеавме да го достигнеме, туку и го престигнавме во квалитет и организација. Што се однесува до концептот за бирање на странски екипи за пример ја земам француската лига.За македонските екипи – за жал годинава нема да можеме да ги донесеме Металург и Вардар. Тоа е така затоа што Вардар од пред две години реши да организира свој турнир. Ние ја почитуваме одлуката на „Вардар“ но сметаме дека два турнири во толку краток временски период не се потребни. Меѓу нас нема недоразбирања, пријателски се разделивме, едноставно и тие сметаа дека треба да организираат свој турнир.
Strugaonline: Со оглед на тоа дека, има и македонски и странски екипи на овој турнир, кој е билансот од изминативе години – кој победува повеќе?
Сашо Србиноски: Вардар и Пелистер се екипите кои до сега најмногу го имаат освојувано ракометниот куп, минатата година француската екипа беше победник, но најчесто македонски екипи победуваат.
Strugaonline: Каква пиблика се стружани?
Сашо Србиноски: Стружани го познаваат ракометот, да не заборавиме дека Струга како град и ракометниот клуб „Струга“ има голем придонес за македонскиот ракомет. Знаат да проценат квалитет, имаме спортска култура и се надевам дека таа пракса ќе продолжи и годинава. Освен од Струга, публика доаѓа и од другите градови од земјава.
Strugaonline: Кои се наградите за најдобрите?
Сашо Србиноски: Победникот добива пехар, а сите ракометари добиваат медали. Второ и третопласираните добиваат помали пехари. Исто така пехари добиваат најдобриот играч, најдобриот голман и голгетерот на турнирот. Имаме спортски, а не парични награди.
Извор: StrugaOnline
Ирена Мрческа
Facebook Коментари