(ВИДЕО) Професионални музичари од Струга, Вевчани и Октиси го претставуваат музичкиот проект ,,Премин“

- Локални, Музика
1213

Kомпозиторот Дамјан Томоски, Коста Костоски (вокал) и Христијан Чавкоски (контрабас) го претставуваат музичкиот проект ,,Премин“

Се работи за професионални музичари од Струга, Октиси и Вевчани чија цел е да ги оживеат корените на традиционалната, македонска/словенска музика со тоа што акцентот го ставаат на исконското, обредното, сакралното.

-„Темни Кажувања” е приказ на старословенските легенди, митови и разни верувања. Во видеоспотот актерите ги претставуваат изгубените души кои талкаат на овој свет и го бараат патот за да преминат на оностраниот свет, а спроти нив се самовилите кои се придружуваат на орото со цел да ги насочат кон вистинскиот пат и на тој начин, со нивна помош, успешно се изведува обредот на иницијација – душите преминуваат во другиот свет, се случува ПРЕМИН. -појаснуваат музичарите.

Видеоспотот е снимен во Вевчани, местото каде што до ден-денес се одржува една од најстарите пагански традиции – карневалот во чест на Св. Василиј (Василица), кој според пишаните извори се одржува најмалку 1400 години наназад и е главната инспирација за ова музичко, но и филмско дело.  (Камера и светло: Гоце Цветков)

Strugaonline

Facebook Коментари