Градоначалникот на Охрид го предаде делот од оградата на српското собрание која беше сочувана во вилата „Билјана“ во Охрид

- Локални
499
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска во Белград свечено  предаде дел од оградата на Собранието на Србија, како гест на пријателство помеѓу Македонскиот и Српскиот народ.
Станува збор за зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година. Примопредавањето се изврши на платото пред Домот на Националното собрание.
,,Со претседателот на српското собрание, Ивица Дачиќ имавме можност да поразговараме за дел од историските вредности на оградата чиј значителен дел беше пронајден во Охрид.
На пригодната свеченост и во рамки на официјалната средба беа отворени и повеќе теми на заеднички интерес со што ја потврдивме добрата соработка помеѓу двете држави, која се темели на нашата заедничка историја и традиционалната поврзаност помеѓу двата народи.“ – информира Георгиевски.
 На средбата Дачиќ-Георгиевски посебно биле  потенцирани можностите за соработка во делот на туризмот и интересот за Охрид како посакувана дестинација на српскиот туристички пазар.
Георгиевски денеска од Белград најави дека сите српски туристи во Охрид ова лето ќе бидат ослободени од плаќање паркинг, а ваква одлука ќе биде донесена на следната седница на совет.
Strugaonline

Facebook Коментари