Димче Шипинкароски ќе се кандидира за градоначалник на Општина Струга

- Локални, Останати
1194
Димче Шипинкароски ја објави својата кандидатура за градоначалник на Општина Струга.
,,Мотивиран од огромниот број предлози во месните одбори на ОО СДСМ Струга, го прифатив овој предизвик и ја доставив мојата кандидатура.
Во случај да бидам избран согласно статутот и правилникот за избор и именување на кандидат за Градоначалник, Ви ветувам дека ќе работам на создавање широка граѓанска коалиција околу мојата кандидатура, надминувајќи го партискиот лимит на мојата партија – СДСМ и етничкиот лимит на мојот етникум – македонскиот.“- вели Шипинкароски.
Тој додава дека неговата цел е да создаде граѓански ориентирана коалиција на сличномислечки луѓе, кадешто партискиот, етничкиот и верскиот идентитет ќе бидат од второстепено значење, а љубовта и лојалноста кон Градот и Општината Струга од првостепено.
-Таквата граѓанска коалиција ќе биде блиска до народот затоа што и самата ќе извира од него. Таа ќе биде и на велештани, и на лабуништани, и на мислешевци, и на радолиштани, и на враништани, и на делогождани, затоа што и тие самите ќе бидат составен дел од неа. Односно, коалицијата зад мојата кандидатура ќе биде на сите стружани, без разлика дали се од градот, приградските населби или руралните населени места. Само со заеднички сили ќе успееме да се спротиставиме на криминалот и да ја искорениме арогантноста кај оние на кои им ја даваме довербата да нѐ водат на избори. Мојата желба е да ја видам Општина Струга уште поубава, уште покосмополитска, уште пообединета во различностите кои ни ја красат и општината и државата, и секако, уште поотворена за туристите од цела Европа и целиот свет. СТРУГА – Град-мозаик на заеднички живот и другарување. – објаснува Шипинкароски

Од партиски функции во СДСМ,  од 2013-та до 2017-та година Шипинкароски беше член  на Централниот Одбор , а моиментално е претседател на комисијата за Финасии во ОО на СДСМ Струга.

Високото образование Шишинкароски го завршил на Универзитетот “Свети Климент Охридски” – Битола, на Економски факултет – Прилеп, отсек “Економија на претпријатија”.

 Од 2018-та  година е Раководител на Подрачната служба во Струга  на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Во месец јуни 2011 година учествувал на 3-тиот конгрес на Обединетата македонска дијаспора што се одржа во Вашингтон .

Тој беше учесник и на  Бизнис Самитот, организиран од Македонија 2025, одржан во Охрид во периодот од 18-ти до 21-ви октомври, 2012 година.

Покрај овие исклучително реномирани настани,  учествувал  и на повеќе работилници организирани од страна на невладини организации, како и на многу публикации и манифестации од јавен карактер.

Во сверата на културата, тој е претседател на здружението за култура ,,Бран 2010”.

Strugaonline

Facebook Коментари