Пејачката група „Езерски бран“ од Струга учествуваше на Републичка ревија на песни, музика и игри за пензионери

- Локални
538

Пејачката група „Езерски бран“ при Здружението на пензионери од Струга по пласирањето на регионалните средби што се одржаа во Струга, доби право да учествува на  11 –тата републичка ревија на песни, музика и игри, која се одржа во скопско Трубарево во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. Нашите претставници настапија со победничката песна од регионалните натпревари „Абре моме ,малко,моме“ во придружба на инструменталистите Евгенија Јовчески Гече,на прим и Никола Матоски на гитара.

Настапот се одвиваше пред осумте здруженија кои учествуваа во ревијалниот натпревар и пред претседателката на Сојузот на пензионерите на Македонија,Станка Трајкова која ја прогласи ревијата за отворена и пред премиерот Зоран Заев, кој ги поздрави сите учесници на 11-тата републичка ревија.

Ревијата ја следеше стручно жири од СЗПМ и селекторот Томче Стојков.

Најдобрите две здруженија на пензионери ќе добијат право на учество на пензионерската олимпијада што ќе се одржи во септември во Љубљана – Република Словенија.

Оваа републичка ревија на песни, музика и игри е прогласена за културна манифестација од национален интерес на нашата земја.

На крајот СЗПМ на претседателот на Здружението на пензионери од Струга, Милорад Трпоски, му беше врачено признание за успешен настап на пензионерската пеачка група од Струга.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари