Николовски во посета на струшката болница:Трудот на медицинските сестри денеска е ценет како никогаш досега

- Локални, Останати
299
На меѓународниот Ден на медицинските сестри, Заменик претседателот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски ја посети Општата болница во Струга и оствари средба со медицинските сестри.
,,Лично и од срце им изразив благодарност за нивната пожртвувана, храбра и несебична работа, за нивниот придонес за здравјето на граѓаните, особено во борбата против пандемијата со коронавирусот. Трудот на медицинските сестри денеска е ценет како никогаш досега. Оваа Влада, започнувајќи од 2018 година до денес, неколкукратно ги зголеми платите на медицинските сестри.“-информираше Николовски.
 Носителите на главната улога во оваа пандемија, добија и симболична донација што се состоеше од средства за заштита од вирусот ковид 19.
Strugaonline

Facebook Коментари