Средба Мерко-Николовски: Претставен Планот за борба против корупција и мерките што треба да бидат преземени од страна на општините

- Локални
484
 Заменик претседателот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски вчера беше во работна посета на Општина Струга во чии рамки одржа состанок со градоначалникот Мерко.
Целта на состанокот беше запознавање со Планот за борба против корупција и мерките што треба да бидат преземени од страна на општините за борба против корупција и криминалот.
,, Николовски изјави дека целосно ја поддржува општината во врска со градбите, знаејќи дека државата, посебно нашата општина зависи од градежништво и туризмот. Потенцијалните инвеститори треба да ги задржиме тука, а не да им дозволиме да си заминуваат и да инвестираат во некоја друга држава, секако да се гради според план и да се запазат сите законски регулативи. Да се прошири туристичкиот капацитет со градење на нови хотели и угостителски објекти.“-соопштуваат од Општина Струга
Од таму додаваат дека вицепремиерот ја поздравил активноста на Општина Струга како прва општина во државата која има подготвено и доставено Годишен План за спречување  корупција  за период од 2021-2022 год.
На состанокот се дискутирало и за импементирање на законите за вработување, засилена координацја меѓу институциите, дигитализација и туризам како главни сектори во развојот на државата , поврзување на сите инспектори во еден канал за комуникација и нов систем за цела држава за следење на предметите, преку кој ќе се спречи стоење на  предметите во фиока.
Strugaonline

Facebook Коментари