ТППЕ Струга: Пожарот во близина на Вишни е под контрола, но теренот е непристапен

- Локални, Останати
189

Втор ден е активен пожарот на планината Јабланица, во близина на селото Вишни и над селото Октиси.

Екипите на ТППЕ Струга и ,,Шумско“ се на терен.

Од Територијалната противпожарна единица -Струга информираат дека пожарот е под контрола и нема опасност истиот да се прошири во селото, но велат, теренот не е пристапен и засега нема услови да се пристапи кон негово гаснење.

Од таму додаваат дека екипите остануваат на терен и штом се создадат услови, пожарот ќе биде изгаснат.

Strugaonline

Facebook Коментари