Во денешното издание на емисијата Play cafe во студиото имавме вистински доктор за чоколадо. Станува збор за Пеце Клечкароски од Драслајца, кој по вокација е музичар, но сега се занимава со друг вид на уметност. Тој го создаде брендот ,,Леска“ и истиот е практично составен од уникатни намази. Приказната започна со домашен крем од лешници, но постојано креативно се развива и создава нови вкустови. Пеце е и првиот производител на домашно чоколадо во Македонија.
Користи уникатни намирницни, а несебично ја открива и тајната на оригиналните вкусови кои ги добива во своето производство- тоа е какаото што го набавува од Гана и Африка. Деталите за неговите производи ги сподели со слушателите на Play radio.
Разговорот можете да го проследите на следново видео:
Извор: Play radio
Facebook Коментари