Реновирани двата објекти ,,Пеперутка“ и ,,Сонце“ од детската градинка во Струга

- Локални, Останати
1313
Заврши поголем дел од реконструкцијата во двата објекти на детската градинка ,,Пеперутка-Сонце“ во Струга.
-Вложуваме во детски градинки и за кратко време го реновиравме дворот во двата објекти.  Kомплетно ја реновиравме  кујната ,плочките во ходниците се заменети со нови, стариот паркет  е комплетно обновен. За нас секое дете е важно и секое дете има право на квалитетен воспитно образовен процец. -изјави дикреторката на градинката, Јасмина Клечкароска.
Таа додава дека активностите не завршуваат тука и дека наскоро ќе бiде обновен Јаслениот дел од паркетот.
 Клечкароска потенцираше дека и во двата објекти на детската градинка се почитуваат сите мерки и протоколи за заштита од вирусот ковид 19, а 90% од персоналот е веќе вакциниран.
Во ,,Пеперутка“ и ,,Сонце“ се згрижени 430 деца на возраст од девет месеци до шест години.
Strugaonline

Facebook Коментари