Српските туристи од денеска добиваат картички за бесплатна патарина

- Останати
382

Владината одлука за бесплатна патарина за српските државјани кои транзитираат низ Македонија, важи од денеска.

Патниците од Србија кои влегуваат на граничниот премин Табановце, ќе добијат м-смарт картичка со која бесплатно ќе ги поминуваат патарините се до граничниот премин „Богородица“ со Грција.

На доделените картички има кредит од 760 денари колку што треба за поминување на коридорот 10 во двата правци. Изработени се околу 65 илјади картички и предадени на МВР кои ќе ги издава на „Табановце“.

Овие картици ќе може да се користат до 15 август, но картичките ќе може да се задржат и понатаму и да се надополнуваат со кредит од најмалку 300 денари.

Владата ја донесе оваа одлука како благодарност за донираните вакцини против Ковид-19 од Србија.

Извор: ТВ 21

фото: архива

Facebook Коментари