Струга се приклучува на протестот против предложениот нацрт Закон за учебници и наставни материјали во основното и средното образование

- Локални, Останати
98

Утре со почеток во 12:00 часот во сите градови во Македонија ќе се одржат протести против предложениот нацрт Закон за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.-информираат од Граѓанската иницијатива ,,Учебници и настава мора да има“.

Протест ќе се одржи и пред општинската зграда во Струга.

,,На овој протест ќе учествуваме со конкретни барања: Хартиените учебници задолжнително да останат во употреба за сите одделенија во основното и средното образование;  да се исклучи сеопфатно родово сензитивно образование во основното образование  Етика на религиите да остане изборен предмет . Да не се спојуваат два или повеќе предмети во еден . Да се образложи и аргументира кратењето на фондот на часови по одредени предмети и влијанието во наставниот процес за истите тие предмети . Да се создадат соодветни услови за инклузија на децата со попреченост, хендикеп и посебни .Да се креираат протоколи за одржување настава со физичко присуство во услови на пандемија. Задолжително учество на претставници од групата и од граѓанскиот сектор во работната група за измени во Законот.“ -информираат подржувачите на иницијативата од Струга.

Од таму ги повикаа сите граѓани кои планираат да учествуваат на протестот,да ги почитуваат мерките и протоколите за активности во услови на пандемија.

,,Ве замолувамe протестите да течат мирно, со позитивни пораки и без говор на омраза. Ве замолувамe да ги отфрлите сите партиски, политички, верски, национални поделби и убедувања. Единствено нешто кое што е дозволено да се носи при протестот може да биде учебник/книга.“-апелираат поддржувачите на иницијативата ,,Учебници и настава мора да има“ од Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари