Време-Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на локален краткотраен дожд во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 27 степени. Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 15 до 23 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари