Во струшко Маруништа чествување по повод 117 години од Илинденското востание и 76 години АСНОМ

- Локални, Останати
587

По повод  државниот и национален празник 2-ри Август-Илинден,празник кој претставува симбол на македонската борба за самостојна и независна држава ,ОО на Сојузот на борци од Струга, предводени од претседателот Ајредин Мемеди и секретарот Никола Попоски-кои ја предводеа делегацијата на централната општинска прослава по повод 117 години од Илинденското востание и 76 годи од АСНОМ,која се одржа во струшко Маруништа, положија свежо цвеќе на заедничкиот споменик од Илинден 1903 и НОВ 1944.Онака како што доликува, ја продолжија традицијата на нашите претци.

ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ претставува историски настан и најзабележителна страница во историјата на македонското националноослободително движење.Големината на оваа мошне крупна пресвртница во поновата историја на македноскиот народ се изразува во чисто народниот карактер на востанието,во кое дојде до величествен израз сенародниот стремеж за борба и слобода и вековниот устерм за сосздавање своја сопствена држава.

По оддавањето почит на загинатите од двата Илиндена 1903-1944 ,претседателот Ајредин Мемеди  во просториите на боречката организација приреди прием за делегацијата која положи цвеќе и за други граѓани.

Teкст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари