Време-Денеска сончево со умерена облачност, утре голема промена

- Македонија
585

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 30 до 37 степени. Утре ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и пообилни врнежи. УВ=6. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 31 степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари