Лев банер Десен банер

Пионерите на РШ „Динг“ утре го пречекуваат ГРК Охрид

Со почетокот на зимскиот дел од натпреварувањето во Пионерската ракометна лига, младите ракометари повторно се враќаат на терените, подготвени за нови предизвици и возбудувања.

Стружаните од ракометната школа „Динг“ од Струга утре (28.02.2026 година) на домашен терен ќе го одиграат езерското дерби против екипата на ГРК Охрид. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Тими“ во Струга, со почеток во 14:45 часот.

Се очекува возбудлив и борбен натпревар меѓу двете млади екипи, кои и во изминатите средби покажаа квалитетна и динамична игра. Дерби пресметките меѓу Струга и Охрид секогаш носат дополнителна мотивација и спортски жар, особено кога станува збор за младинските категории каде се создаваат идните ракометни надежи.

Од ракометната школа „Динг“ упатуваат повик до сите стружани, љубители на спортот и ракометот, да дојдат во што поголем број во спортската сала „Тими“ и да им дадат поддршка на младите струшки ракометни таленти.

Поддршката од трибините е дополнителен мотив за младите спортисти да го дадат својот максимум и достојно да го претстават својот град.

StrugaOnline

error: