Данска трет пат по ред е светски првак во ракомет

- Спорт
331

Селекцијата на Данска ја одбрани титулата светски шампион откако синоќа во финалето  во Стокхолм ја совладаа Франција со 34:29.

Ракометарите на Данска водеа од самиот почеток на натпреварот, нивното водство варираше но цело време успеваа да ја држат предноста. На крајот на првото полувреме резултатот  беше 16:15.  На почетокот на вториот дел французите израмнија на 16:16.  Данците потоа повторно поведоа и постојано одржуваа предност од 2-3 гола разлика, а на крај славеа со пет голови разлика (34:29).

Данска со синоќешната победа трет пат по ред е светски првак во ракомет. Шампиони претходно беа на Мундијалите во 2019 и 2021 година и воедно е и првата репрезентација на која и успеало три пати последователно да биде на тронот.

Facebook Коментари