Лев банер Десен банер

Џудо клуб „Дрим“ од Струга со три медали на силен меѓународен турнир во Чешка

Џудо клуб „Дрим“ од Струга оствари забележителен настап на престижен меѓународен џудо турнир одржан на 2 мај 2026 година во Нови Биджов, Република Чешка, каде учество зедоа над 1100 натпреварувачи од повеќе земји.

Струшкиот клуб настапи со седум џудисти, предводени од тренерот Андреј Чакаровски, кои покажаа високо ниво на подготвеност, борбеност и спортски дух, достојно претставувајќи ја Македонија на меѓународната сцена.

Одличните настапи резултираа со три освоени бронзени медали во конкуренција до 14 години:

  • Давид Спироски (-55 кг)
  • Енил Ајдиноски (-66 кг)
  • Лука Трца (-73 кг)

Силен впечаток оставија и останатите натпреварувачи – Драгица Рафтоска, Даријан Ночески, Амар Бајрамоски и Мартина Салви, кои и покрај тоа што не се искачија на пиедесталот, покажаа голема борбеност и посветеност, достојно бранејќи ги боите на својот клуб.

Од клубот истакнуваат дека се горди на сите свои членови, чиј труд и ангажман уште еднаш потврдуваат дека Џудо клуб „Дрим“ е сериозен и конкурентен претставник на европската џудо сцена.

StrugaOnline

error: