Лев банер Десен банер

Со низа активности одбележан 5 Мај – Денот на македонската азбука

По повод 5 Мај – Денот на македонската азбука, ученици од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга беа реализирани повеќе едукативни активности со учениците од осмо одделение, насочени кон продлабочување на знаењата за значењето на македонскиот јазик и писмо.

Учениците од VIII-б одделение присуствуваа на настан организиран од НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, посветен на одбележувањето на овој значаен ден. Тие имаа можност да се запознаат со историскиот развој на македонската азбука и нејзината клучна улога во зачувувањето на јазикот и културниот идентитет.

Паралелно, учениците од VIII-в одделение на редовен час реализираа тематска активност посветена на азбуката. Преку свои излагања, тие го истакнаа значењето на делото на Кирил и Методиј, како и важноста на писменоста во современото општество.

Активностите се одвиваа во позитивна атмосфера, со голем интерес и активно учество од страна на учениците, при што дополнително се зајакна нивната свест за значењето на македонскиот јазик и писмо.

Ментор на активностите беше наставничката Елизабет Барануаи-Кукунешоска.

StrugaOnline

error: