Ѓоковиќ: Се чувствувам тажно и празно, ова искуство е важна животна лекција

- Спорт
101

Новак Ѓоковиќ e дискавилификуван од Ју-Ес опен откако  во финишот на првиот сет против Пабло Карењо-Буста со топче ненамерно погоди еден од линиските судии.

Организаторите донесоа одлука да го дисквалификуваат од турнирот.

„Целата оваа ситуација направи да се чувствувам тажен и празен. Проверив како се чувствува линискиот судија и според информациите што ги добив, таа е добро, фала му на Бога. Нејзиното име не можам да го откријам, морам да ја заштитам нејзината приватност. Жал ми е што и предизвикав таков стрес. Беше погрешно тоа. Сакам ова непријатно искуство, дисквалификацијата од турнирот да го претворам во важна животна лекција и да продолжам да се развивам како човек, но и како тенисер. Им се извинувам на организаторите на Ју-Ес опен. Благодарен сум на моето семејство и мојот тим. Благодарен сум им намоите навивачи за поддршката. Беше ова тежок ден за сите нас“, напиша Ѓоковиќ по дисквалификацијата.

Facebook Коментари