КЛ7 Струга повторно подобар во градското дерби со РК Струга

- Локални, Спорт
134

Пионерскиот натпревар помеѓу КЛ7 Струга и РК Струга заврши со убедлива победа на КЛ7 со резултат 20:9, но овој натпревар помина во знакот на публиката од Струга. Повеќе од 600 гледачи го проследија овој дуел во пионерска конкуренција што е доволен доказ дека ракометот во Струга се следи од најмладите категории.

Првиот дел започна со идентична игра на двете екипи, игра гол за гол. Неколку пати резултатот беше израмнет се до самиот крај кога КЛ7 успеа да се „одлепи“ на два голови разлика. Во вториот дел одбраната на екипата на КЛ7 беше одлична и на висина на задачата, Галевски за 20 минути игра прими само 2 погодоци, додека на другата страна одличниот Шулески постига 5 погодоци, па на крај КЛ7 Струга славеше со 11 погодоци разлика односно 20:9.

Извор: КЛ7.мк

 

 

Facebook Коментари