Ракометен спектакл во Охрид: Осум екипи на турнирот „Крсте Андоновски“ од 18 до 22 август
Охрид повторно ќе биде во центарот на ракометното внимание, од вторник, 18 август, до сабота, 22 август, кога ќе се одржи меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“. На турнирот ќе настапат осум екипи, меѓу кои и домаќинот Охрид, а публиката ја очекуваат пет денови исполнети со квалитетен ракомет.
Екипите се поделени во две групи. Во групата А се наоѓаат Охрид, Египет У20, Војводина и Загреб, додека групата Б ја сочинуваат Вардар, Олимпијакос, Тимо Требње и Нексе.
Турнирот ќе донесе интересни меѓународни дуели, а охриѓани ќе имаат можност да го следат својот тим во натпревари против силни противници. Дополнителна атракција е и учеството на младата репрезентација на Египет до 20 години.
Распоред на натпреварите
Вторник, 18 август
- 16:30 часот – Вардар – Олимпијакос
- 18:45 часот – Охрид – Египет У20
- 21:00 часот – Војводина – Загреб
Среда, 19 август
- 16:30 часот – Загреб – Египет У20
- 18:45 часот – Охрид – Војводина
- 21:00 часот – Нексе – Тимо Требње
Четврток, 20 август
- 16:30 часот – Војводина – Египет У20
- 18:45 часот – Олимпијакос – Тимо Требње
- 21:00 часот – Вардар – Нексе
Петок, 21 август
- 16:30 часот – Нексе – Олимпијакос
- 18:45 часот – Вардар – Тимо Требње
- 21:00 часот – Охрид – Загреб
Сабота, 22 август – ФИНАЛЕН ДЕН
Во сабота ќе се одигра завршниот ден од турнирот, кога ќе бидат познати и конечните позиции на учесниците.
Посебно внимание кај домашната публика ќе привлечат натпреварите на Охрид, кој во групната фаза ќе се соочи со Египет У20, Војводина и Загреб.
Љубителите на ракометот кои нема да бидат во можност во живо да ги следат натпреварите ќе имаат можност да го следат турнирот преку Арена Спорт Македонија, која ќе врши телевизиски пренос.
Со осум квалитетни екипи и петдневна програма, турнирот „Крсте Андоновски“ и годинава носи вистински ракометен спектакл во Охрид.
StrugaOnline

