Лев банер Десен банер

Струга победнички ја отвори сезоната во Првата женска лига, Јехона поразена во Гостивар

Новиот прволигаш Струга со победа ја започна сезоната во Првата женска лига. Стружанките на гостувањето во Гостивар славеа против Јехона со убедливи 30-18.

Избраничките на Владимир Паноски уште во првото полувреме ја најавија победата, откако на паузата заминаа со предност од шест гола (15-9).

Во вториот дел немаше поголеми промени на теренот. Струга продолжи да ја контролира играта и резултатот, а гостинската екипа рутински го приведе натпреварот до крај и стигна до првите бодови во новата сезона.

Најефикасни во победничкиот состав беа Леа Пејоска и Маја Ашталкоска, кои постигнаа по шест гола. Кај Јехона, најрасположена за игра беше Алтина Хасани со девет погодоци.

Струга така на најдобар можен начин го започна настапот меѓу најдобрите женски ракометни екипи во земјава.

StrugaOnline

error: