Лев банер Десен банер

Уште само неколку дена за пријавување на „Drim Run 2026“ во Струга

Струга и оваа година ќе биде домаќин на „Drim Run 2026“, спортски настан кој ги обединува љубителите на трчањето, хуманоста и љубовта кон Струга и препознатливиот Црн Дрим.

Второто издание на „Drim Run“ ќе се одржи на 5 и 6 септември, а во рамките на настанот се предвидени три трки наменети за различни возрасни групи и нивоа на физичка подготвеност.

Програмата ќе започне на 5 септември со „Боград детската трка“, наменета за најмладите учесници. Должината на патеката ќе биде прилагодена според возраста на децата, а учеството на оваа трка е бесплатно.

На 6 септември следуваат двете главни трки.

„Trim i Lum“ е натпреварувачка трка на 10 километри, наменета за сите кои сакаат да го тестираат својот резултат и да се соочат со спортски предизвик во рамките на „Drim Run“.

За оние кои сакаат порекреативно темпо, тука е „Drim Run“ на 5 километри – трка отворена за сите, без разлика на возраста и нивото на физичка подготвеност. Организаторите ја најавуваат како одлична можност за рекреација, дружење и уживање во атмосферата на настанот.

Стартот на трките ќе биде од Чаршискиот мост во Струга, а трасите ќе ги одведат учесниците низ градот и покрај еден од неговите најпрепознатливи симболи – Црн Дрим.

Од организацијата потсетуваат дека пријавувањето е отворено уште само неколку дена, па ги повикуваат сите заинтересирани да го обезбедат своето место навреме и да бидат дел од второто издание на „Drim Run“.

Пријавувањето се врши преку официјалната веб-страница на настанот: www.drimrun.mk.

StrugaOnline

error: