Вардар првопласиран во групата во четврт-финалето на СЕХА

- Спорт
508

Деветта сезона по ред Вардар е во Топ-8 најдобрите екипи во СЕХА лигата, и сезонава иако има сменет формат, „црвено-црните” повторно се фаворити за пласман на Ф4 турнирот. По триумфот од 28-26 (13-17) против Татран, македонскиот првак кој петпати досега ја освојуваше СЕХА Газпром лигата го потврди првото место во групата. Така,  првено-црните ќе  го прескокнат осминафиналниот меч и директно ќе се пласираат во четврт-финалето.

Ова беше седма победа во низа сезонава, од вкупно осумте. До крајот на регуларниот дел од сезоната останува уште еден натпревар да се одигра на 15 декември во Нашице. Хрватска против тимот на Нексе.

Гостите играа на овој натпревар без неколку стандардни играчи но покажаа дека имаат доволно мотивација и желба да играат квалитетно против шампионот на СЕХА. И Татран го покажа на теренот, до 44. минута имаа водството, што на моменти беше и „плус 5″ (13-18). Одлично го отворија натпреварот и ги искористија шансите што им се укажаа.

Вардар беше без голманот Артур Кугис, Даинис Криштопанс, Сергеј Горбок и Кристијан Дисингер.

Вардар повторно играше според стариот рецепт. Дури и кога имаат негативен резултат тие не се откажуваат, тие се обидуваат да ја наметнат својата игра и полека го стигнуваат противникот и ја наамалуваат неговата предност. Така беше и сега. Можеби Вардар се бореше да биде во игра, и да се справи со противникот во поголем дел од мечот, но кога за прв пат поведе со 21-20, тоа беше знак дека нема да застане тука. Продолжија да играат и го зголемија водството на 24-21.

Но, Татран и тогаш не се откажа дури иако Вардар беше во силна офанзива. израмнија на 25-25 во 55 минута за уште еден трилер меч во Скопје.

Вардар реализраше двапати за водство 27-25, а Калифа Гедбан имаше неколку решавачки одбрани во овој период овозможувајќи има на своите соиграчи да играат полесно во напад. Тимур Дибиров од левата крилна позиција ја запечати победата на домашниот тим со водството 28-25.

Иван Чупиќ постигна 6 погодоци, а Павел Атман и Данил Шишкарев погодија пет пати за Вардар. Јанус Лапајне со шест гола беше најефикасен кај Татран.

Вардар ќе го одигра последниот натпревар во групата А во Нашице против НЕКСЕ на 15 декември.

Извор и фото: РК Вардар

Facebook Коментари