Вчера во Охрид се одржа III Рапид турнир во шах „Езерски бисер 2024“

- Локални, Спорт
130

Со учество на 81 шахист од Република Македонија, во спортската сала при ООУ „Братство Единство“ во Охрид вчера се одржа III Рапид турнир во шах „Езерски бисер 2024“.

На присутните им се обрати Наум Јамандиев, советник во Советот на Општина Охрид, а турнирот се играше по Швајцарски систем во 9 кола.

Наградени шахисти:

1 место Дејан Ѓоргиески, ШК „Пелагон“ Прилеп,
2 место Марјан Дамчески, ШК „Пелагон“ Прилеп,
3 место Кире Николоски, ШК „Прилеп“ Прилеп,
4 место Велкоски Стојан, ШК „Алкалоид“ Скопје и
5 место Ахмет Салмани, ШК „Гостивар“ Гостивар.

– Најдобро пласиран младинец до 18 години беше Кирил Николовски од ШК „Алкалоид“ од Скопје, најдобро пласиран младинец до 14 години Димитар Симоновски ШК „Шах шех“ од Битола и најдобро пласирана шахистка Ивана Велкоска од ШК „Алкалоид“ од Скопје, информираат организаторите.

извор: ОхридПрес

Facebook Коментари