Билтен на СВР Охрид: Охриѓанец физички ја нападнал својата сопруга, млад жител на струшко Радолишта починал…

- Локални, Хроника
411

На 03.02.2024 година во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека, Љ.С.(60) во семејниот дом во охридско село, физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.02.2024 година во 22.10 часот  во СВР Охрид е пријавено дека Д.А.(72) од Битола, кој привремено престојува во куќа во Охрид, паднал по скали при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи.

На 03/04.02.2024 година од 23 до 04 часот на подрачјето на Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнаа 08 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 03.02.2024 година во 16.24 часот во ОВР Струга е пријавено дека во казино во Струга, на М.К.(45) од струшкото село Радолишта му се слошило и паднал, по што бил пренесен во Општата болница во Струга каде починал. По наредба на јавен обвинител врз починатиот ќе биде извршена обдукција.

На 03.02.2024 година во 16.15 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта, пријавено е дека во својот дом во струшкото село Октиси, бил пронајден починат М.У.(66) од истото село. Увид извршија јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Извор: СВР Охрид

StrugaOnline

Facebook Коментари