Во езерското дерби јуниорките на ЖКК Струга 2009 славеа над Охрид

- Локални, Спорт
80

Јуниорките на Струга 2009 подобри од Охрид во езерско дерби.
ЖКК Струга 2009 – ГКК Охрид 65:44

„Стартувавме подобро, меѓутоа не го материјализиравме тоа, гостите се вратија и беа во егал до 4. четвртина. Во четвртата четвртина ја подобривме играта во одбрана и погодивме шутови за 3 поена, така да на крајот дојдовме до убедлива победа.“ – изјави тренерот Владимир Ѓоровиќ.
Најдобрите стрелци во Струга 2009 беа: Муртезаи 17 поени, Хиса 13, Белкоска и Даути постигнаа по 9 поени, Алексиеска 6, Цинцил 4, Незири 3, Милчин и Докоска по 2 поени.
Кај гостите најдобри беа: Ѓорѓиеска со 16 и Василевска со 14 поени.

StrugaOnline

Facebook Коментари